Хрватска брка пласман на Олимписките игри без една од најголемите ѕвезди

Хрватската кошаркарска репрезентација се подготвува за квалификацискиот турнир за Олимписките игри, но „коцкестите“ би можеле да допатуваат во Атина значително ослабени поради отсуството на една од најголемите ѕвезди во тимот. 

Се работи за искусниот шутер на Њујорк Никс, Бојан Богдановиќ, кој заработил повреда на левото стапало и најверојатно ќе мора веднаш да замине на операција, јавија хрватските медиуми. 

Хрватска во салата „Мир и пријателство“ ќе се соочи со селекциите на Грција, Словенија и Доминиканската Република, но дури и ако обезбеди учество на Игрите во Париз, мала е веројатноста дека ќе настапи со Богдановиќ во тимот. Доколку биде извршен оперативниот зафат, паузата за играчот на Њујорк ќе трае најмалку три месеци.