• Зоран Мишевски
Поразите од Чаир 2030 и ТФТ и елиминацијата во АБА2 лигата донесоа први промени во таборот на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Скопскиот клуб спогодбено го раскинал договорот со хрватскиот интернационалец Марко Баковиќ.
Иако летово МЗТ Скопје го продолжи договорот со Баковиќ, брзо се предомисли и патовите на клубот и кошаркарот непредвидено се разидуваат.
Сезонава во домашното првенство Баковиќ бележеше 6,2 поени и 5,3 скока, а во АБА2 лигата неговиот просек беше 92, поени и 6,4 скока.
Баковиќ во Аеродром дојде од таборот на Цибона, а претходно играше за Горица и исландски Тор.