Храбрите Естонци ја шокираа фаворизираната Словенија во Копер!

Естонија приреди големо изненадување во Копер и по продолжение ја совлада Словенија со 93-94 на стартот од квалификациите за Мундобаскетот.

Иако Словенија настапи без својата најголема ѕвезда Лука Дончиќ и без играчите од НБА, сепак очекувањата беа значително повисоки и важеше за голем фаворит. Сепак, расположените Естонци се радуваа на мечот во Копер.

Хенри Дрел блесна со 29 поени, Куламае додаде 24, а Кононцук заврши со 13. Кај Словенија најдобар беше Грегор Хорват со 23 поени, додека Церквеник и Жига Самар постигнаа по 15.

На останатите терени победи забележаа Унгарија, Холандија, Хрватска, Чешка, Германија, Франција и Полска.