• Горан Упале
Откако Милвоки Бакс и Оклахома Сити Тандер вчера изборија пласман во полуфиналето на НБА Купот, ноќва ги дознаа противниците против кои ќе се борат. Комплетирани се финалните парови на турнирот кој ќе се игра во Лас Вегас. Бакси за пласман во финалето ќе играат против Атланта Хокс, а Тандери против Хјустон Рокетс.
„Ракетите“ своето место меѓу четирите најдобри го заслужија со победата против Голден Стејт Вориорс. Во возбудлива завршница Хјустон од 84-90 направи пресврт во последните 1:17 минути и стигна до 91-90 со серија од 7-0. Последните кошеви на натпреварот ги постигна Џејлен Грин од линијата за слободни фрлања, а на четири секунди до крајот, Брандин Поџиемски промаши тројка за победа.
Најдобар играч на Хјустон беше турскиот центар Алперен Сенгун со 26 поени, 11 скока и пет асистенции. Џонатан Куминга постигна 20 и имаше седум украдени топки за Вориорси.
Во последниот четвртфинален дуелн Атланта Хоукс го победи Њујорк Никс со 108-100. Тројца играчи на Атланта постигнаа повеќе од 20 поени, Де'Андре Хантер (24), Треј Јанг (22 поени, 5 скока, 11 асистенции) и Џејлен Џонсон (21 поен, 15 скока, 7 асистенции).
Најдобри играчи за Никси беа Џош Харт со 21 поен, 8 скока и 6 асистенции и Карл-Ентони Таунс, кој натпреварот го заврши со 19 поени, 5 асистенции, 19 скока и 3 блокади.