Хот и Миловановиќ во елемент, Маџари убедливо го надигра Гостивар

Екипата на Маџари ја оствари четвртата победа во македонската кошаркарска Суперлига, откако вечерва славеше убедливо над Гостивар со конечен резултат 78-64.  

Комплетниот натпревар помеѓу Маџари и Гостивар: 

Домашниот тим беше подобар во текот на целиот натпревар и сосема заслужено ги впиша бодовите. На паузата Маџари водеше со шест поени (35-29), а во второто полувреме го искористи распадот на гостиварчани и обезбедија голем триумф. 

Амар Хот и Марко Миловановиќ постигнаа по 15 поени во тимот на Маџари , а на спротивната страна истиот учинок го забележа Глен Аврам.

Во следното коло Маџари ќе одигра натпревар против Феникс 2010, додека Гостивар на домашен терен ќе го пречека тимот на ТФТ Скопје.