• Зоран Мишевски
Кошаркарската селекција на Франција му се реваншира на Србија во вториот пријателски натпревар одигран во Орлеан. Оваа победа на француските кошаркари дојде како одговор на првиот натпревар во Белград, каде Србија славеше со тесни 90-87.
Французите, предводени од новиот капитен Вембањама, успеаја да направат прилагодувања по првиот пораз и да остварат триумф на домашен терен пред очите на легендите Тони Паркер и Борис Дијао, кои беа присутни во публиката. Селекцијата на Фоту блескаше во првиот дел и на трипати имаше +19. Сепак, водени од кошаркарите од клупата и неприкосновениот Јокиќ, Србите се вратија и поведоа на почетокот од четвртата четвртина.
Во фуриозен финиш Франциско ја врати Франција во водство. На 11 секунди српскиот тим тргна во напад по победа. Дангубиќ реализира од табла за предност на Србија на неполни пет секунди до крајот. Следеше завршен контра напад на домашната селекција, по кој Франциско го пронајде Џејленд Хорд, а овој со звукот на сирената погоди за 91-90 и победа на француската репрезентација.
Јокиќ со 33 поени беше најефикасен поединец на натпреварот, во кој кај Франција блеснаа и Луваву-Кабаро и капитенот Вембањама.







