ВИДЕО: Холандија изненади, поранешен играч на МЗТ ја растури Турција

Репрезентацијата на Холандија ја изненади Турција и на гости славеше со 65-72, во првото коло од клваификациите за Евробаскетот идната година. Поранешниот играч на МЗТ Скопје, Шарлон Клоф се истакна и ја предводеше својата селекција до триумфот. 

„Лалињата“ одиграа неизвесен натпревар, во кој имаа предност во поголемиот дел од него, а беа подобар противнико во финишот и заслужено славеа. Клоф беше најпрецизен играч на средбата со 27 поени, шест скокови и шест асистенции, додека кај Турција се истакна Махмутоглу кој уфрли 20 поени. 

Хрватска рутинирано и очекувано ја совлада Шведска во салата „Дражен Петровиќ“ во Загреб, со резултат од 72-56. Одличното прво полувреме го трасираше патот кон триумфот на „коцкестите“, а лошата трета четвртина не беше доволна за изненадување од скандинавската екипа. 

Шутерите беа скромни и поените беа рамномерно распределени, а најефикасен играч беше Дрезњак со 16, пред Борг и Паниниќ со по 11 и Магарити со 10 поени. 

На останатите паркети Грција славеше во соседското дерби против Бугарија дома со 73-63, Босна и Херцеговина ја изненади на гости Латвија со 61-62 и Црна Гора триумфираше над Велика Британија со 81-74.