ВИДЕО: Хјустон пак ужасен, Портланд си направи позитива од 25 поени за 12 минути и го уништи Феникс

На стартот од сезоната се сметаше за еден од најголемите кандидати за учество во Западното финале на НБА лигата, но Хјустон Рокетс од меч во меч сè повеќе ги разочарува своите фанови. 

Популарните „ракети“ ноќва го запишаа 13. пораз во новата сезона на НБА, откако со убедливи 118-91 го загубија дуелот со расположената Јута Џез. Харден и другарите повторно беа под своето ниво, играа нервозно и некординирано, а тоа соодветно беше казнувано од „џезерите“, кои беа речиси перфектни. 

Харден мечот го заврши со само 15 поени (5 од 16 успешни обиди), додека во победничкиот табор незадржливи беа Фаворс со 24 и Инглс со 18 поени. 

Кошаркарите на Портланд ги запишаа најдобрите први 12 минути оваа сезона, откако си направија разлика од 25 поени (34-9) против Феникс, кои беа доволни за 14-та овосезонска победа од 108-86. 

Лилард со 25 и Лејман со 24 поени беа најпрецизни за Портланд, а кај поразената екипа се истакна само Даниелс со 15 поени.