Хјустон може да жали: Кобна грешка ги чинеше титула во НЦАА лигата! (ВИДЕО)

Универзитетот Флорида го освои трофејот наменет за шампионот во НЦАА лигата, откако во финалето на завршниот турнир го победи Хјустон со 65-63. Дуелот во Сан Антонио беше тесен и израмнет, а поразениот има за што да жали бидејќи имаше двоцифрена предност во првиот дел. 

Вреди да се напомене дека Хјустон имаше и напад за победа, меѓутоа голема грешка направи Емануел Шарп испуштајќи ја топката за да нема двојно водење. Бидејќи времето истекуваше кошаркарите на Флорида стигнаа до топката и потоа се огласи сирената, па започна славјето. 

  • Завршниот напад во финалето на НЦАА лигата:

Ова е третпат Универзитетот Флорида да ја освојува колеџ титулата во САД, меѓутоа прв по пауза од 18 години. 

За најдобар играч на завршниот турнир беше одбран Валтер Клејтон.