Хјустон може да остане без Харден и Вестбрук

Хустон

Крајот на изминатата сезона донесе промени во редовите на Хјустон Рокетс. Замина тренерот Мајк Д'Ентони, а тимот се раздели и со генералниот менаџер Дарил Мори.

Екипата од Тексас започнува нов проект кој ќе донесе многу нови имиња. Дури и првите ѕвезди Џејмс Харден и Расел Вестбрук каде води стратегијата на управата, па се подготвени да побараат заминување.

Медиумите шпекулираат околу нивните можни дестинации. Вестбрук се поврзува со Лос Анџелес Клиперс, каде многу веројатно е дека Пол Џорџ ќе си замине. Неговиот соиграч, пак, би можел да заврши во Филаделфија 76ерс, каде што нова работа пронајде неговиот екс генерален менаџер.

Договорите на двата кошаркари се нешто за што ќе треба да се пронајде решение во наредниот период. Доколку некоја екипа сака да преговара за нив, ќе мора да направи место во „салари капот“ за да добие ѕвездено засилување.