ВИДЕО: Хјустон изедначи против Голден Стејт, Милвоки на чекор од финалето на Истокот

Кошаркарите на Хјустон Рокетс израмнија на 2-2 во полуфиналната серија на Западот, откако славеа победа во четвртиот натпревар против Голден Стејт Вориорс со 112-108.

  • Извештај од натпреварот:

Рокетси во поголемиот дел од вториот дел имаа позитива, која изнесуваше и +15 (101-86), а во финишот Голден Стејт со серија поени стигна до -2. Дурант и Кари имаа и шутеви за три за израмнување, но по нивното промашување, победата остана во Хјустон.

Најефикасен кај „ракетите“ беше Џејмс Харден со 38 поени, додека Ерик Гордон мечот го заврши со 20 поени. Кај „воините“ се истакна Кевин Дурант со 34 поени, а Кари мечот го заврши со 30 поени.

Милвоки Бакс се наоѓа на чекор од пласман од финалето на Истокот, откако повторно го совлада Бостон Селтикс на гостински терен (101-113). Предводник до новата победа и шанса за пласмам во финалето по цели 18 години беше Јанис Антетокумпо со 39 поени и 16 скока. На спротивната страна најефикасен беше Кајри Ирвинг со 23 поени.

  • Извештај од натпреварот: