ВИДЕО: Хјустон и Милвоки со убедливи победи го започнаа плеј-офот во НБА лигата

Тимовите на Хјустон Рокетс и Милвоки Бакс ја оправдаа фаворитската улога и славеа очекувани победи против Јута Џез, односно Детроит Пистонс во првите натпревари од плеј-офот на НБА лигата. „Ракетите“ на домашен терен триумфираа со сигурно 122-90 против „џезерите“ и поведоа со 1-0 во серијата подобар од седум.

  • Извештај од натпреварот:

Гостите на синоќешниот натпревар беа рамноправни само во првите неколку минути. Во продолжение Хјустон предводен од Џејмс Харден доминираше и на крајот сосема заслужено славеше убедлива победа. Токму Харден со 29 поени и 10 скока беше најзаслужниот за победата на Хјустон, а Гордон дополни со 17 поени. На спротивната страна најефикасен беше Руди Гоберт со 22 поени.

Милвоки Бакс слично како Хјустон славеше победа против Детроит Пистонс (121-86), а на крајот на првата четвртина имаше убедливи +20 (38-18). Во вторито дел најдобриот тим во регуларниот дел на НБА лигата само ја надоградуваше позитивата за конечни 121-86.

  • Извештај од натпреварот:

Лидер кај Бакси беше Антетокумпо со 24 поени, Хил мечот го заврши со 16 поени, а Бледсо дополна со 15 поени. Кај поразенот тим се истакна Кенард со 21 поен.