ВИДЕО: Хјустон и без Харден најде решение за Сакраменто, Кливленд ја изненади Атланта

Екипата на Хјустон Рокетс ја запиша и втората победа во новата сезона во НБА лигата. По двата порази на стартот, следуваа две одлични партии на момците на Силес и две победи. Синоќа во дербито на денот, Рокетси во својот дом без многу проблеми го совладаа тимот на Сакраменто Кингс со 102-64.

Иако без својот најдобар кошаркар, Џејмс Харден, домаќините имаа решение како да се сопре гостинскиот табор и водени од одличниот Вол впишаа заслужена победа од осум поени разлика. Токму Вол со 28 коша, 4 скока и 6 асистенции беше најпрецизен во таборот на Хјустон, додека Фокс со 23 поени беше прв стрелец кај поразениот тим. 

Кошаркарите на Кливленд по двата неуспеха во низа им се вратија на победите во најсилното кошаркарско натпреварување, откако на гости ја изненадија фаворизираната Атланта со 91-96. Секстон имаше фантастичен натпревар и впиша 27 поени, 10 повеќе од најдобриот стрелец во редовите на Хоукси, Хантер. 

До значајни победи од синоќешната програма на НБА лигата стигнаа и Њујорк Никс, Оклахома Сити Тандерс и Филаделфија 76-ерс.