ВИДЕО: Хјустон го надигра Сан Антонио, Богдановиќ одличен во поразот од Оклахома

Хјустон победа

Продолжи доминацијата на екипата на Хјустон Рокетс, кога на теренот се наоѓаат Крис Пол и Џејмс Харден. Вчера, тимот со најдобар скор во НБА лигата, победи во дербито против Сан Антонио Спарс (109-93). Токму Харден и Пол беа најефикасни меѓу домашните кошаркари со 28, односно 18 поени.

Расел Вестбрук запиша нов „трипл-дабл“ учинок во триумфот над Сакраменто Кингс (106-101). Тој постигна 17 поени, 10 скока и 11 асистенции и го доби дуелот со одличниот Богдан Богдановиќ, кој ја заврши вечерта со 18 поени и 8 скока.

Екипата на Портланд Трејл Блејзерс продолжи да се искачува на табелата на Западот, откако вчера го совлада тимот на Мајами Хит (115-99). Одново блесна Дејмиан Лилард, кој ја предводеше домашната екипа со 32 поени и 10 асистенции.

Единствената гостинска победа ја забележа Милвоки Бакс кој доминантно ја надигра екипата на Мемфис Гризлис (103-121).