• Саше Љолес
Екипата на Жалгирис од Каунас доби ново големо засилување за остатокот од сезоната. Хитот во Евролигата во своите редови го доведе 25-годишниот Луни Вокер, кој пристигнува од екипата на Бруклин Нетс.
Вокер има солидна НБА кариера зад себе и има одиграно над 300 меча во најсилната светска лига, бележејќи просек од 9,8 поени, 2,4 скока и 1,9 асистенции, а претходно го носеше дресот на Сан Антонио, Бостон Селтикс, Лос Анџелес Лејкерс и Бруклин Нетс.
Жалгирис во моментов има пет победи и еден пораз во Евролигата, а во следното коло на домашен терен ќе се сретне со екипата на Монако.