• Иван Димовски
Клуж триумфира против Студентски центар (96-85) во натпревар од 12. коло на АБА лигата.
На оваа средба тренерот на црногорскиот тим Петар Мијовиќ стана хит. Тој на еден тајм-аут беше лут на судиите, па не штедеше зборови и неговата реакција го обиколи Балканот.
Се очекува Мијовиќ да биде казнет поради своето „шоу“. Навредите кон судиите речиси секогаш се санкционираат, па така се очекува да биде и со тренерот на Студентски центар.





