• Саше Љолес
Кошаркарите на Асвел го добија драматичниот натпревар со Париз Баскет во четвртото коло на кошаркарската Евролига (96-98). Француското дерби донесе голема возбуда за гледачите, а победата замина кај гостинскиот тим.
Имаше Асвел мала предност и на паузата (43-46), а во вториот дел видовме голема неизвесност, особено во завршните минути кога не беше лесно да се предвиди победникот. Париз имаше шанса за победа, не искористи неколку прилики за да дојде на позитива од два или три поени, а Надир Хифи во последните секунди имаше и шут од далечина за евентуална победа.
На крајот Асвел успеа да задржи предност од два поена и да го затвори мечот во своја полза. Асвел има скор 2-2 по четири одиграни кола, а Париз има една победа и три порази.
Феноменалниот Надир Хифи постигна 30 поени за Париз, уште 27 додаде Тајсон Етиен, а во екипата на Асвел најдобар поединец беше искусниот Пети Милс, кој запиша 21 поен зад своето име.












