Хифи е незапирлив, оствари историско достигнување во Франција!

Кошаркарот на Париз Баскет, Надир Хифи, испиша нова страница во француската кошарка откако втора сезона по ред заврши како најдобар стрелец во шампионатот.

Со тоа, младиот бек стана првиот играч по долго време кому му успеало две последователни години да биде лидер по бројот на постигнати поени во француското првенство.

Хифи сезонава блескаше во дресот на Париз и беше еден од главните играчи на тимот, кој имаше одлични резултати и на домашната и на европската сцена.

Неговите настапи дополнително го потврдија огромниот потенцијал, а многумина веќе го сметаат за еден од најдобрите офанзивни кошаркари во Европа. Неговиот просек сезонава изнесуваше 20,3 поени, 2,9 скока и 3,7 асистенции по натпревар.