• Зоран Мишевски

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња официјално потпиша едногодишен договор со НБА франшизата Кливленд Кавалирс.Со овој трансфер заврши неговата четиригодишна ера во Реал Мадрид, а клубот и официјално го потврди неговото потпишување.
Договорот е вреден 2,8 милиони долари за една сезона.Услов во договорот: Тој првично е негарантиран, но неговата плата ќе стане целосно загарантирана доколку остане во тимот по 15 ноември.
Хезоња се враќа во Соединетите Американски Држави во одлична форма, откако беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во шпанската Ендеса лига за изминатата сезона. Ова е негово враќање во најсилната кошаркарска лига по шест години. Претходно во НБА лигата настапуваше за Орландо Меџик, Њујорк Никс и Портланд Трејл Блејзерс.
