• Горан Упале

Марио Хезоња останува во Реал Мадрид, објави шпанското радио „Кадена Копе“. Оваа вест ја пренесе и „Марка“ под наслов „Необичен крај на „случајот Хезоња“. Марио ќе го продолжи договорот со Реал“.
Да потсетиме, минатата недела хрватскиот кошаркар беше блиску до преселба од Реал во Барселона.
Тогаш, „Марка“ тврдеше дека Хезоња дури и потпишал за Барселона, каде што требаше да заработи три милиони евра за четири години и да биде еден од најплатените играчи во Европа, но каталонскиот клуб негираше постоење на каква било документација.
Покрај Барселона како нови клубови на хрватскиот ас се споменуваа Панатинаикос и Партизан, како и враќање во НБА, но се чини дека дојде до нов пресврт - Хезоња останува во Реал Мадрид, но ќе има клаузула за заминувањео во случај на повик од НБА.