Хезоња: Лага е дека потпишав нов договор со Реал Мадрид

Марио Хезоња, асот на Реал од Мадрид, истакна дека сè уште не договорил ништо со „кралскиот“ клуб за продолжување на соработката.

По првиот натпревар во финалето на плеј-офот на шпанската лига, во кој Реал Мадрид ја совлада Мурсија, тој зборуваше за „Онда Серо“.

„Лага е дека се договоривме. Зборуваме за продолжување на соработката, но сега не е време да обелоденувам детали за тоа“, изјави хрватскиот кошаркар.

Доколку не се договори со Реал, Хезоња би можел да биде еден од најбараните играчи на пазарот. Хрватот годинава имаше просек од 13,5 поени и 4,6 скока. Тој беше избран во вториот тим на сезоната во Евролигата.