• Горан Упале
Кошаркарот на Париз Баскет, Ти Џеј Шортс е најкорисен играч на 30. коло во Евролигата.
Париз ја совлада Олимпија Милано со 92-79 во исклучително важен натпревар за конечниот пласман, а македонскиот репрезентативец се истакна со 24 поени, 10 асистенции и шест скока за импресивен корисен индекс 37.
Round 30 was a SPECIAL one
We got the Top 10 Plays of the Round!
GOATMentator‘Top Plays of the Round’ I @TurkishAirlines pic.twitter.com/FnsbNvh6HQ
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) March 22, 2025
Ова е трета МВП награда во Евролигата за одличниот плејмејкер оваа сезона. Шортс е најзаслужниот што дебитантот од Париз е во плеј-оф зоната со учинок од 17 победи и 13 порази.
Втор кошаркар со најдобар индекс (35) е бекот на Асвел, Тео Маледон, кој постигна 25 поени во поразот на неговиот тим од Реал Мадрид. Центарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес и крилниот центар на Црвена Звезда, Рокас Гедраитис имаа по 28 индексни поени.