• Саше Љолес
Искусниот шпански центар Вили Хернангомез ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во редовите на Уникаха, каде веќе стави потпис на едногодишен договор.
32-годишниот кошаркар по три сезони минати во каталонскиот гигант се сели во Малага, каде ќе биде едно од главните засилувања за новата сезона.
Минатата сезона во Евролигата, Хернангомез просечно бележеше 5,6 поени и 3,8 скока по натпревар во дресот на Барселона.
Во текот на кариерата настапуваше и во НБА лигата, каде ги бранеше боите на Њу Орлеанс, Шарлот и Њујорк, а во Шпанија играше и за Реал Мадрид и Севиља.
Уникаха и следната сезона ќе има високи амбиции, а ќе настапува во групната фаза од ФИБА Лигата на шампионите, натпреварување во кое ги освои титулите во 2024 и 2025 година.
