• Мартин Танасковски

Екипата на МЗТ Скопје со победа го отвори плејофот на домашната сцена. Аеродромци пред својата публика славеа над Кожув (79-72) во дуел кој се реши на самиот крај на средбата.
- Комплетниот натпревар меѓу МЗТ Скопје и Кожув:
„Штрковите“ се соочуваат со големи проблеми заради повредени играчи и немаа повеќе имиња на располагање. Дополнителен проблем за Атанасов беше и лошиот ден на Чарлс Гил, кој играше само девет минути и немаше поени од игра.
Кожув даде голем отпор во Скопје и го намачи фаворитот. Гевгеличани беа во егал до четвртиот квартал, кога на сцена стапија домашните играчи потпомогнати од Танасковиќ. Беше 70-71 на три минути пред крајот, а осум поени врза Танасковиќ, со уште две тројки, по една на Дамјан Стојановски и Марин Петков. Така МЗТ замина на 84-75 и си го осигура триумфот.
Капитенот Дамјан Стојановски имаше дабл-дабл од 21 поен и 10 скока, исто така 21 поен постигна и Душан Танасковиќ. Двоцифрени кај МЗТ беа уште Војдан Стојановски со 15 поени, и Смит-Мекуен (12). Кај Кожув се истакнаа Боуен со 24 поени и 15 скока, а Николас имаше 20 поени.





