Хендикеп за Македонија: Нено се повреди и нема да игра со Естонија

Македонија извојува херојска победа на Италија и ги сочува своите шанси за пласман на Европското првенство во 2022 година, но за клучниот натпревар против Естонија ќе биде видно ослабена. 

На паркетот во Перм, попладнево блескаше Ненад Димитријевиќ, но младиот плејмејкер не го заврши мечот со „аѕурите“ затоа што во самиот финиш доби удар во коленото, па беше приморан да се пресели на клупата за резерви. 

„Голем проблем за нас е дека нема да игра Димитријевиќ утре, па тоа е дополнителен проблем. Јас ќе навивам за Русија, а благодарен сум на неутралните фанови кои го препознаа нашиот обид да се вратиме во вториот дел“, изјави Тодоров.

Првичните информации кои доаѓаат од Русија велат дека за нашиот кошаркарот на Хувентуд, квалификацискиот турнир во Перм е завршен. Тоа секако ќе биде голем удар за нашите амбиции, затоа што доколку вечерва Естонија загуби од домаќините, селекторот Тодоров нема да може да смета на својот најдобар кошаркар за „мајсторката“ со Естонците.