Хемпе: Ќе биде тешко, ама ќе се бориме за добар резултат со Хрватска

Македонската кошаркарска репрезентација ќе ѝ гостува на Хрватска во квалификациите за Евробаскетот. Во пресрет на натпреварот своите очекувања ги сподели американската кошаркарка која настапува за Македонија, Мерит Хемпе.

„Ни следи третиот меч, со Хрватска на гости. Ќе биде доста тежок дуел. Се работи за тим со добри бекови, не чека и голема борба, исто така, на физички план. Но ние сме спремни да се бориме и да дадеме се од себе“, изјави Хемпе.

Пресметката меѓу Хрватска и Македонија ќе се судрат во Славонски Брод во салата „Вијаш“ во терминот од 18:00 часот.

Досега избраничките на Александар Ашаданов имаат по една победа и пораз.