Хауард по вторпат ќе се врати во ЛА и ќе потпише со Лејкерси

Двајт Хауард

ЛА Лејкерси конечно пронајдоа замена за Демаркус Казинс, кој се повреди и ќе биде надвор од конкуренција до крајот на сезоната.

Се работи за Двајт Хауард кој и претходно бил дел од оваа славна франшиза. Центарот не се прослави играјќи заедно со Коби Брајант, па по една година си замина. Главна задача во новата средина за осумкратниот „ол-стар“ играч ќе биде играта во одбрана и собирањето скокови.

Ова за Хауард ќе биде петта екипа во последните пет години, а ќе добие ветерански минимален договор. 

Најдобрите денови од кариерата се зад него. Најмногу се прослави играјќи за Орландо со кој избори пласман во големото НБА финале, каде загуби токму од „езерџиите“.