ВИДЕО: Хауард како Кецман - тројка од 20 метри со звук на сирената во Еврокупот!

Вилијам Хауард од Лимож е автор на најлудата тројка сезонава во европската кошарка. Имено, ѕвездата на Лимож погоди тројка од 20 метри на истекот на втората четвртина на натпреварот Тофаш - Лимож и ги одушеви присутните.

Судиите по прегледувањето на ТВ-снимката ги признаа поените.

Јавноста го спореди подвигот на Хауард со легендарната тројка на Кецман во АБА-финалето меѓу Цибона и Партизан.