Хауард: Јокиќ повеќе ја заслужи МВП наградата минатата сезона

Поранешната НБА ѕвезда, Двајт Хауард, изјави дека му е жал што Денвер не успеал да ја мине Минесота во седмиот натпревар од полуфиналната серија, но воедно истакна и дека Никола Јокиќ незаслужено ја добил МВП наградата сезонава. 

Високиот кошаркар смета дека „џокерот“ морал да прикаже многу подобра игра во плеј-офот и вели дека Јокиќ повеќе ја заслужил наградата минатата година, кога таа му припадна на Џоел Ембид. 

„Мислам дека на сите им е јасно. Можеби погрешивме со изборот годинава. Јокиќ повеќе заслужуваше да биде МВП минатата година, а не оваа. Очекував многу подобар перформанс од него во плеј-офот. Жал ми е за Денвер, имаат одлична екипа, но мислам дека Јокиќ имаше сериозна конкуренција која беше многу близу до неговиот учинок. Гласањето е малку чудно, можеби е време за промени“, изјави Хауард. 

Денвер Нагетс не успеаја да се пласираат во финалето на западната конференција и го загубија клучниот натпревар против Минесота, која мина понатаму и ќе се сретне со Далас Маверикс на Лука Дончиќ.  

Најнови вести од
НБА, САД