Хауард им се нудел на Лејкерси, но веднаш бил одбиен! 

Некогашниот најдобар центар во НБА лигата, Тим Хауард, се понудил повторно да го облече дресот на својот поранешен клуб Лос Анџелес Лејкерс

Искусниот кошаркар за „езерџиите“ настапуваше во сезоната 2012/13, потоа доживеа голем пад во својата кариера, а од следната сезона повторно сака да го носи дресот на поранешниот шампион на најсилното клупско натпреварување. 

Сепак, како што пренесуваат тамошните медиуми, до ваков расплет нема да дојде, затоа што од Лејкерси посочиле дека не се заинтересирани за нова соработка. Хауард моментално е член на Мемфис Гризлис, а претходно ги носеше дресовите на Орландо, Хјустон, Атланта, Шарлот и Вашингтон. 

Тимот од градот на анѓелите ова лето се засили со Антони Дејвис и Демаркус Казинс, кои заедно со Леброн Џејмс се очекува да ги вратат Лејкерси на врвот на НБА лигата.