Хаслем ги предупреди браќата Јокиќ: Ова е мој град, не започнувајте ништо и...

Мајами

Расте тензијата пред новото соочување меѓу Денвер Нагетс и Мајами Хит. На првиот меч одигран во Колорадо, Никола Јокиќ направи инцидент и го удри од зад грб Маркиф Морис.

По натпреварот се крена голема прашина, браќата Јокиќ се огласија на социјалните мрежи, а потоа во целата приказна се приклучија роднините на Морис и тензијата го достигна својот врв. Поради тоа се очекува бурна атмосфера на вечерашното соочување на Флорида.

„За што по ѓаволите купувате карти? Да дојдете и да направите што? Ова е мојот град. Не започнувајте ништо и ништо нема да се случи. Дојдете и уживајте во играта и однесете го вашиот брат дома. Никој нема да започне нешто со Јокиќ. Доаѓаме да играме кошарка“, рече искусниот Удонис Хаслем од Мајами.

Домашната екипа најави засилено обезбедувања, во случај работите да излезат надвор од контрола. Засега нема најава од двете страни дека нешто ќе се случи, но емоциите на теренот може да донесат поинаква приказна.