Харисон со звукот на сирената го сруши Макаби, Баерн победи и во Истанбул

Олимпијакос

Олимпијакос ја продолжи победничката серија и врза три победи во низа. Денес ја запиша последната во дербито против Макаби Тел Авив (85-82).

Мечот донесе пресврти и неизвесност до последната секунда. Првиот удар го зададе гостинот, кој ја доби воведната четвртина. До полувремето „црвено-белите“ се вратија и со пресврт обезбедија прва предност.

Продолжението беше речиси изедначено, а подобар во инфаркт финишот беше домашниот тим. Во последните 60 секунди се влезе со резултат 82-82, а клучните поени со звукот на сирената ги постигна Арон Харисон.

  • Потег на натпреварот: 

Мартин со 15 и Харисон со 12 поени беа најефикасни кошаркари на Олимпијакос, а Хантер се истакна кај израелскиот гигант со 15 поени.

  • Олимпијакос - Макаби Тел Авив 85-82:

Изненадување приреди Баерн Минхен на гости кај Фенербахче (71-75). Германскиот првак продолжи да се искачува на евролигашката табела, запишувајќи ја третата сезонска победа на европските настапи.

  • Фенербахче - Баерн Минхен 71-75:

Лучиќ продолжи со одличните игри и со 18 поени одново беше прв стрелец на Баварците.