Харден за дебито во Бруклин: Видовте дека не сум себичен кошаркар!

Џејмс Харден, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, изјави дека се чувствува одлично во новиот клуб, што докажува и неговото фантастично деби за Бруклин Нетс.

Нетси го совладаа Орландо Меџик со 122-115, а Харден блесна на паркетот со 32 поени (8/18 од игра, 3/10 за три), 12 скока и 14 асистенции, но имаше и девет загубени топки. 

„Се надевам и самите можете да процените како се чувствувам тука. Возбуден сум што ќе играм за овој клуб. Организацијата тука е на високо ниво. Што се однесува до мојата игра, јас морам да бидам најдобриот Џејмс Харден, а сакам уште еднаш да нагласам дека не сум себичен играч, доказ за тоа се вечерашните асистенции“, рече Харден.

Бруклин не ја отвори сезоната како што се очекуваше, моментално е петтото место на табелата во Источната конференција со осум победи и шест порази, но дефинитивно со доведувањето на Харден ќе пристигнат и подобри резултати.