ВИДЕО: Харден се разигра, Хјустон ја впиша првата победа во НБА

Екипата на Хјустон Рокетс ја впиша првата победа во новата сезона на НБА лигата, откако ноќва по голема борба славеше во дербито против Сакраменто Кингс, со резултат 122-119.

Кога Џејмс Харден ќе се разигра, тогаш дефинитивно противникот е на големи маки. Таков беше случајот на овој дуел во „Тојота Центерот“. „Брадата“ конечно влезе во ритам и беше незадржлив за гостинската одбрана, па затоа има најголема заслуга за премиерната победа на својот тим во новата сезона. 

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата мечот со Сакраменто го заврши со 33 поени, шест скока и осум асистенции. Кај поразениот тим се истакнаа Барнс со 24 и Холмс 22 поени. 

Од новогодишната програма во НБА лигата се одиграа уште четири натпревари во кои Филаделфија славеше над Орландо, Торонто го надигра Њујорк Никс, додека гостински победи впишаа и Њу Орлеанс и Феникс.