ВИДЕО: Харден постигна историски 61 поен, Хјустон со пресврт го победи Сан Антонио

Џејмс Харден е најсериозен кандидат за МВП на регуларниот дел на сезоната во НБА лигата, Таа кандидатура ја засилува секој натпревар со антологиски партии и рекорди кои ќе траат уште долго.

Хјустон со голем пресврт го совлада Сан Антонио со 111-105, а Харден.постигна повеќе од половина поени на својата екипа. Имено „брадата“ крај своето име запиша 61 поен, седум скока и три украдени топки.

  • Извештај од натпреварот:

Овој учинок е израмнување на најдобриот свој поентерски ефект во кариерата. Харден им се приклучи на НБА легендите, Вилт Чемберлен, Коби Брајант и Мајкл Џордан со преку 60 поени на еден натпревар.

  • Сите поени на Џејмс Харден: 

Ова е вторпат сезонава Харден да ја надмине оваа граница, откако постигна 61 поен и гостувањето против Њујорк никс.