Харден пак се забавуваше, соиграчите беа на стрижење – НБА го одложи мечот на Хјустон (ВИДЕО)

Џејмс Харден повторно е во фокусот на американската кошаркарска јавност, откако на социјалните мрежи се појави ново видео во кое може да се види дека се забавува со пријателите и не носи маска.

Тамошните медиуми пишуваат дека Харден повторно бил во стриптиз клуб, по што неговиот клуб и НБА лигата покренаа постапки. По овие обвинувања, еден од најдобрите кошаркари на светот призна дека снимката е од пред неколку дена, но не е од стриптиз клуб, туку од забава кај пријател.

„Секогаш има нешто. Бев на забава кај пријател, а не во стриптиз клуб. И тоа е проблем сега. Секој ден нешто друго. Не можете да го влечете моето име на дното, колку и да се трудите. Вистинскиот секогаш ќе се искачи на врвот“, напиша Харден.

Но, Харден не е единствениот проблем на Рокетси, затоа што е обелоденето дека тројца негови соиграчи заедно биле на стрижење, што е спротивно на препораките, а капак на сè се неколкуте позитивни тестови поради кои НБА мораше да го одложни дуелот против Оклахома.