ВИДЕО: Харден наместо на тренинг на Хјустон се расфрлаше со пари во стриптиз бар

Не е тајна дека еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џејмс Харден сака да ужива во добрата забава, но ретко кој веруваше дека ќе се реши за вака непрофесионален потег, каков што го направи тој синоќа. 

Како што пренесуваат американските медиуми, Харден не присуствувал на првиот тренинг на Хјустон Рокетс во пресрет на подготовките за новата НБА сезона, затоа што се расфрлал со пари во стриптиз клуб. 

Од редовите на Хјустон информираат дека Харден на присуствувал на првиот тренинг поради протоколите, но на социјалните мрежи кружи видео на кое наводно „брадата“ ужива во стриптиз клуб. 

31-годишниот кошаркар наводно не бил задоволен од состојбите во Хјустон и затоа одбива да потпише нов двегодишен договор, вреден 100 милиони долари.