Харден го засилува Бруклин на Дурант и Ирвинг?

Харден

Според последните информации од Соединетите Американски Држави, екипата на Бруклин Нетс започнала преговори со Хјустон Рокетс за потписот на Џејмс Харден.

Веќе на големо се шпекулира за големи промени на тимот од Тексас. Првите ѕвезди на Рокетси сакаат да си заминат и да ја променат играчката средина.

Се шпекулира дека „мрежичките“ за да го формираат големото трио ќе се ослободат од Спенсер Динвиди, Кери Леверт, Торијан Принц и Џерет Ален.

Доколку се случи овој трејд, тогаш Бруклин веднаш ќе стане прв фаворит на Истокот, а ќе добие место во потесниот круг екипи кои ќе кандидираат за шампионската титула.