ВИДЕО: Харден го надигра Дончиќ, нестварен пресврт на Хјустон

Незаборавен спектакл понудија кошаркарите на Хјустон и на Далас во најефикасниот натпревар по рестартот на НБА лигата. Соочувањето меѓу Харден и Дончиќ му припадна на американскиот ас, а кошаркарите на Хјустон Рокетс го совладаа Далас Маверикс со 153-149 по едно продолжение.

  • Играч на натпреварот: 

Далас во втората четвртина направи двоцифрена разлика, која ја одржуваше до самиот финиш на мечот. Маверикси водеа со 131-120 на шест и пол минути до крајот. Иако заостануваа за седум поени на само 45 секунди до крајот, „брадата“ и соиграчите приредија прворазреден подвиг и стигнаа до триумф. Ковингтон со звукот на сирената, по намерно промашеното слободно фрлање на Харден, донесе израмнување и продолжение. Во екстра времето постоеше само една екипа, а Харден го зададе завршниот удар. 

  • Извештај од натпреварот:

Со 49 поени, девет скока и осум асистенции Џејмс Харден потврди дека паузата не оставила трага на неговата форма. Најдобриот поединец на победничката екипа имаше одлична помош и од Вестбрук, кој додаде 31 поен.

Одличен натпревар одигра и Лука Дончиќ, кој дуелот го заврши со „трипл-дабл“, составен од 28 поени, 13 скока и 10 асистенции. Кај Далас најефикасен беше Порзингис со 39 поени,