Харден ги загуби нервите: Тргна да се пресмета со Јокиќ, Браун, Гордон... (ВИДЕО)

Мечот меѓу Лос Анџелес Клиперс и Денвер Нагетс понуди многу драма, а на крајот заврши со гостинска победа (99-101). 

Интересна ситуација се случи во финишот на првиот дел се случи мешаница и туркање. Џејмс Харден водеше топка, а Кристијан Браун му направи малку погруб фаул. Тоа ја налути ѕвездата на Клиперси и тргна да се пресмета со ривалот. Веднаш напомош дотрчаа Никола Јокиќ, Арон Гордон, Ивица Зубац...

  • Мешаницата пред полувремето во Лос Анџелес:

Судиите долго ја прегледуваа ситуацијата и на крајот решија да не поделат исклучувања, туку шест технички грешки. Јавни опомени добија Џејмс Харден, Нормал Пауел и Крис Дан од таборот на Клиперси, додека кај Нагетси тоа беа Никола Јокиќ, Арон Гордон и Кристијан Браун.