Хапоел зададе удар и внесе неизвесност во серијата со Реал Мадрид

Екипата на Хапоел Тел Авив го возврати ударот и го совлада Реал Мадрид со конечни 76-69 во третиот натпревар од четвртфиналната серија во Евролигата. 

Израелскиот тим имаше негатива по првото полувреме (34-36), но потоа одигра маестрална трета четвртина и стигна до двоцифрена предност (21-10).

„Кралевите“ се обидоа да се вратат во последната делница, но останаа без сили на теренот на мотивираниот ривал кој сега намали на 2-1 во победи и внесе неизвесност пред четвртиот меч. 

Најдобри поединци на денешниот натпревар беа Елајџа Брајант и Крис Џонс со по 19 постигнати поени. Во редовите на Реал Мадрид, Треј Лајлс беше автор на четиринаесет поени.