• Саше Љолес
Израелскиот клуб Хапоел од Ерусалим ги израдува своите навивачи со информацијата дека нивниот тим ќе одигра пријателски натпревар со НБА екипата, Бруклин Нетс.
Овој меч ќе се одигра помеѓу првото и второто коло на Евролигата, а тогаш Хапоел ќе отпатува во предградието на Њујорк, каде ќе се сретне со Бруклин во „Барклејс арената“.
Бруклин потоа ќе ги продолжи подготовките за новата НБА сезона и ќе отпатува во Кина, додека Хапоел се враќа во Европа и ќе се фокусира на настапите во првенството и Еврокупот.
Натпреварот помеѓу Хапоел Ерусалим и Бруклин Нетс ќе се одигра на четврти октомври.

