ВИДЕО: Хапоел Холон ја освои БИБЛ лигата, Милојевиќ со стил замина во пензија

Завршницата на сезоната во Балканската лига официјално го означи крајот на судиската кариера на еден од најуспешните македонски судии во историјата, Александар Милојевиќ.

Вечерва тој го судеше финалето од БИБЛ лигата меѓу Хапоел Холон и Академик Бултек,с на кој триумфираше израелскиот тим со 91-75 и ја освои титулата.

По натпреварот, Милојевиќ доби специјално признание од директорот на лигата,  Шај Штрикс.

„Менаџментот на БИБЛ лигата сака да му честита на Александар Милојевиќ за неговата успешна кариера и за тоа што беше дел од нашето натпреварување од 2008 година. Вечерашното финале беше последно во неговата кариера и последен меч за него како судија. БИБЛ, Хапоел Холон и Академик му посакуваат се најубаво во иднина во неговите активности и во светот на кошарката“, гласат зборовите на благодарност кои менаџментото на БИБЛ лигата ги постави  на својата официјална страница.

Покрај македонските судии, сезонава во БИБЛ, нашата земја ја претставуваа ТФТ Скопје и Куманово.