Хаос во Њујорк: Навивачите на Никси го „демолираа“ градот славејќи ја титулата (ВИДЕО)

Освојувањето на првата НБА титула по 53 години донесе вистинска еуфорија меѓу навивачите на Њујорк Никс, но славјето набрзо прерасна во хаос на улиците низ градот.

По триумфот над Сан Антонио и освојувањето на шампионскиот прстен, илјадници навивачи излегоа на улиците на Менхетен и во другите делови на Њујорк. Покрај песната и прославата, беа забележани и бројни инциденти, при што беше оштетен јавен и приватен имот.

Според американските медиуми, дел од таксистите и возачите на автобуси се обидувале да ги смират насобраните навивачи и да ги повикаат да не го уништуваат градот, но нивните апели останале без поголем ефект.

Њујорк ја чекаше шампионската титула уште од 1973 година, па затоа не изненадува огромната радост кај навивачите.