ВИДЕО: Хаос во Куманово – навивачите нападнаа свој кошаркар по очајното полувреме! 

Катастрофалната игра на Куманово и големата предност на МЗТ Скопје од 28-53 во полуфиналната серија од од плеј-офот предизвика големо незадоволство кај навивачите на домашниот тим, што кулминираше со сериозен инцидент по крајот на првото полувреме.

Навивачите беа особено разочарани од српскиот кошаркар Тадија Тадиќ, кој беше пресретнат од неколку домашни фанови. Тие прво вербално го нападнаа, а потоа следуваше вистински хаос на паркетот. Поголемиот дел од публиката влезе во теренот и ситуацијата ескалираше.

Полицијата и обезбедувањето имаа полни раце работа, но некако успеаја воспостават мир и Тадиќ се упати во соблекувалната, додека навивачите се вратија на трибините.