Хаос во Берлин: Се тепаа навивачите на ПАО и Фенер, имаше и насилно влегување во салата (ВИДЕО)

Во пресрет на првото полуфинале во Евролигата, во кое од 18:00 часот се среќаваат Панатинаикос и Фенербахче, на улиците на Берлин имаше општа тепачка.

Како и во претходните денови дојде до конфликт меѓу две навивачки групи, доста бројни на овој „фајнал-фор“. И покрај тоа што натпреварот сè уште не започнал, пред салата дошло до тепачки, поради што полицијата имала полни раце работа. Тамошните медиуми информираат дека имало повредени и уапсени, но нивниот број не е познат.

По тепачката меѓу навивачите на Панатинаикос и Фенербахче, забележано е и дека некои приврзаници на турскиот тим се обиделе насилно да влезат во салата.

Сепак, редарите и полицијата реагирале навремено и ситуацијата ја ставиле под контрола.