Хаос во Белград – Теодосиќ и Ледеј се судрија, навивачите фрлаа со разни предмети по играчите!

Ново дерби меѓу српските кошаркарски гиганти Црвена Звезда и Партизан и нови инциденти.

АБА-дербито на „вечните“ ривали за момент беше во прекин, откако во финишот од втората четвртина Немања Недовиќ по еден дуел со Зек Ледеј заврши на паркетот, а Теодосиќ не сакаше да биде само гледач на сето тоа и се вмеша во конфликтот. Очекувано, по една ваква ситуација од трибините почнаа да летаат секакви предмети, а не помогна ниту молбата од официјалниот спикер. За среќа, немаше погодени кошаркари.

На крај Ледеј доби неспортска, а Теодосиќ техничка грешка поради инцидентот што го направија.