Ханга за последниот напад: Од клупата ми рекоа да не правам лична грешка!

Кошаркарот на Реал Мадрид, Адам Ханга не беше расположен за разговор со новинарите по финалето на Евролигата во Белград (57-58). Сепак, Ханга објасни што се случи во последниот напад на натпреварот.

„Од клупата ми рекоа да не правам лична грешка. Не знам, мора да направиме анализа и да видиме што се слули. Рано е да се зборува“, разочарано изјави Ханга на многубројните прашања зошто Ласо се одлучи да го брани последниот напад.

Поранешниот ас на Барса го пренесе разочарувањето на соблекувалната која многу ретко губи финалиња - Реал Мадрид.

„Можете да замислите како се чувствувам кога загубив со еден поен во финалето“, изјави видно исфрустрираниот унгарски репрезентативец.

За да ја спасат сезоната „кралевите“ мора да се обидат да ја освојат Ендеса лигата, во чиј плеј-оф влегуваат од второто место во регуларниот дел.