Хеликоптерот со Кузмиќ слета во Белград, кошаркарот е во стабилна состојба

Утрово одекна тажна вест од Србија која вели дека репрезентативецот Огњен Кузмиќ направил сообраќајна несреќа.

Летното засилување на Црвена Звезда има тешки повреди на главата, а последните информации велат дека тој е во стабилна состојба. Наводно, центарот на „црвено-белите“ се разбудил од кома и со хеликоптер итно е пренесен во болницата во Белград.

Кузмиќ заедно со тројца сопатници излетале од патот Бања Лука - Приједор откако најпрво удриле во друг автомобил.