• Иван Димовски
Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер дојдоа на победа од шампионскиот трофеј во НБА лигата, откако триумфираа во петтиот меч против Индијана Пејсерс (120-109).
- Оклахома Сити Тандер - Индијана Пејсерс:
Домаќинот ја искористи предноста на својот терен во „Пејком Центарот“ и ја израдува публиката од Оклахома со трета победа во серијата (3-2). По нова голема борба продолжи драмата во финалната серија и Тандерси стекнаа круцијална предност. До овој триумф стигнаа така што успеаја да го лимитираат Тајрис Халибартон на само четири поени и неверојатни шест обиди да поентира. Првата ѕвезда на Индијана во целост потфрли и тоа резултираше со неуспех на тимот.
Од друга страна, Џејлен Вилијамс презеде одговорност во Оклахома и го заврши мечот со 40 поени, а Шеј Гилџус Александер имаше 31 поен и 10 скока. Во таборот на Индијана се истакна Паскал Сиакам со 28 поени, додека 18 уфрли Меконел.
Следниот натпревар се игра ноќта меѓу четврток и петок од 02:30 часот.
ФОТО/PHOTO: Oklahoma City Thunder/Twitter